• A-
  • A
  • A+

недела, 20 август 2017, 

„Домина со боја на месо“ објавен на македонски

„Домина со боја на месо“ објавен на македонски

Скопје, 12 јануари 2017 (МИА) - Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави на македонски јазик бестселерот „Домина со боја на месо“ на летонскиот писател Зигмундс Скујинш, кој е објавен во 1999 година и продаден во седум милиони копии низ Европа. 

- Станува збор за прекрасно напишан надреалистички роман со политичка алегорија. „Домина со боја на месо“ го транспортира читателот помеѓу благородништвото на осумнаесеттиот век и животот на нараторот во модерниот свет. Конекцијата помеѓу двете нарации станува јасна во хипнотичката фантазија на љубовта, страста и загубата, додека Скујинш создава дело со сублимирана уметност кое е забавно, возбудливо, поучно и филозофско, во иста мерка, соопшти издавачот.

Зигмундс Скујинш е еден од најпознатите летонски писатели од крајот на дваесеттиот век. Роден е во Рига во 1926. Неговите дела се преведени во повеќето земји во Европа, а дел од нив се адаптирани во филмови. Добитник е на голем број летонски и меѓународни литературни награди, вклучувајќи животен грант од Летонската државна фондација за културен капитал. хс/рп/11:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ