• A-
  • A
  • A+
четврток, 23 ноември 2017, 

Замрзна Црното Море кај Бургас

Замрзна Црното Море кај Бургас

Бургас, 12 јануари 2017 (МИА) - По повеќе од половина век, водата во Црното Море кај Бургас, одново замрзна, јави БТА.

Ретката појава може да се набљудува од пристаништето „Сарафово", како и од тамошната Поморска станица.

Ледената покривка се зголемува, поради екстремно ниските температури, соопштија локалните власти.

Бродот „Анастасија", кој служи за туристички крстарења лете, сега наликува на ледена скулптура. си/сп/11:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ