• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел

Уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел

Брисел, 12 јануари 2017 (МИА) - Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнеж дека се поврзани со терориситчките напади во Париз во ноември 2015 година.

Според електронското издание на весникот „Дерниер Јор“, полицијата привела маж и жена, кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метро станица во Брисел во март минатата година.

- Жената со иницијали М.Б. и нејзиниот пријател Фарад К. одржувале врски со некои терористи во времето кога по нив се трагаше од двете страни на (белгиско-француската) граница, во периодот меѓу нападите во Париз и Брисел, наведува весникот.

За време на акцијата за проведување на двајцата осомничени, белгиските полицајци биле придружувани од припадници на француската полиција и судијка од Париз.

При нападите во Париз на 13 ноември 2015 година беа убиени 130 лица, а во Брисел - 32.

Истрагата покажа дека двата напади биле извршени од членови на една иста исламистичка група, која десјствува на териториите на Франција и Белгија. сп/07:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мачки, како средства против стрес на работа во Јапонија

Јапонија е земја каде луѓето остануваат долго вр...

Фенг Шуи: За љубов, среќа и успех потребни се само три растенија

Фенг Шуи филозофијата порачува дека растенијата се...

Најавени нови епизоди од анимираниот хит „Пепа Прасе“

Креаторот на брендот „Пепа Прасе“ Ентертејмент Уан...

Се продава приватниот авион на Елвис Присли

Приватниот авион кој му припаѓал на американскиот ...

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...