• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Хуманитарни организации злоупотребуваат средства наменети за бегалци, тврди нигериски гувернер

Хуманитарни организации злоупотребуваат средства наменети за бегалци, тврди нигериски гувернер

Мајдугури, 12 јануари 2017 (МИА) – Хуманитарни агенции меѓу кои и Детскиот фонд на ОН (Уницеф) се збогатуваат од фондовите наменети за помош на бегалците во Нигерија, кои се принудени да ги напуштат домовите заради исламистичката група Боко Харам. Тоа го изјави синоќа гувернерот на северноисточната нигериска држава Борно.

Критиките следуваат по декемвриските обвиненија на претседателот Махамаду Бухари дека ОН и приватни агенции намерно ги зголемуваат проценките за хуманитарната криза за да соберат повеќе средства.

Во декември ОН повика за собирање милијарда долари со предупредување дека 5,1 милиони луѓе гладуваат, а десетици илјади деца ќе ги загубат животите оваа година без неопходната помош.

– Некои луѓе заработуваат на агонијата на нашиот народ, изјави синоќа гувернерот Кашим Шетима пред пратеници и новинари во главниот град на Борно, Мајдугури.  – Луѓето кои сакаат да помогнат се одбредојдени. Но, тие кои се тука само за да не искористат може да си одат. Немаме потреба од нив бидејќи се тука само за да профитираат, изјави тој.

Шетима нагласи дека само осум од 126 регистрирани агенции „работат добро“. Тој ги обвини конкретно Уницеф дека злоупотребиле средства купувајќи блиндирани автомобили. 07:36

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...

Две панди пристигнаа од Кина во берлинската зоолошката градина

Транспортен авион пристигна денеска од Кина за Гер...

Прегласниот говор на австрискиот канцелар им пречел на соседите

На една виенчанка и пречел гласниот говор на австр...