• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Стапи на должност новата исландска влада

Стапи на должност новата исландска влада

Рејкјавик, 11 јануари 2017 (МИА) - Новата исландска влада, предводена од премиерот Берни Бенедиктсон денеска беше инаугурирана, после долгите преговори за формирање на владејачка коалиција по изборите одржани во октомври 2016 година, јави ДПА.

Трипартиската коалиција ги вклучува конзервативната Партија на независност на Бенедиктсон, Партија на обновува и формацијата „Светла иднина".

Партијата на независност има шест министри во кабинетот, при што, еден од нив е Гудлаугур Тордарсон, назначен за министер за надворешни работи.

Партија на обновува доби три министерства. Нејзиниот лидер Бенедикт Јоханесон го наследува Бенедиктсон на позицијата министер за финансии, а лидерот на „Светла иднина"  Отар Пропе ќе биде министер за здравство.

Четири министерства ќе бидат водени од жени.

Владејачката коалиција располага со 32 пратеници во 63-члениот парламент. ссм/19:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...