• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Тилерсон. Путин требало да знае за руските кибер напади врз претседателските избори во САД

Тилерсон. Путин требало да знае за руските кибер напади врз претседателските избори  во САД

Вашингтон, 11 јануари 2017 (МИА) - Новопредложениот американски државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека е разумно дозволено да се смета дека рускиот претседател Владимир Путин бил во тек со интервенцијата не неговата земја во американските претседателски избори во 2016 година, пренесоа американските медиуми.

На сослушувањето во сенатската комисија за надворешни работи Тилерсон прецизира дека немал достап до деталната информација за руските кибер напади, но се запознал со декласифицираната разузнавачка информација за руското мешање, што беше објавена минатата недела.

Во одговор на прашање од републиканскиот сенатор од Флорида, Марко Рубио, Тилерсон изјави дека не сака Владимир Путин да го окаракатеризира како „воен злосторник“.

Рубио изјави дека имајќи ја предвид поддршката на Русија за сирискиот претседател Башар ал-Асад и бомбардирањата на Алепо не треба да е тешко човек заклучи дека Путин е одговорен за воени злосторства.

Рубио додаде дека има сериозна загриженост од можноста Тилерсон да ја предводи американската дипломатија.

Тилерсон изјави дека Русија немала законско право да го анектира Крим во 2014 година Тој кажа дека сакал да препорача многу поцврста реакција од онаа на администрацијата на Обама.

-Доколку Русија дејствува со сила, таа ќе бара пропорционален одговор со сила, за да нема веќе заграбување територија, рече Тилерсон.

Тилерсон се изјасни против наметнатите американски сакции против Москва заради анексијата на Крим. Овие санкции неговата компанија „Ексон Мобил“ ја чинеа стотици милиони долари, забележуваат американските медиуми.

Во одговор на прашањето дали смета дега сега е погоден момент за укинување на санкциите протов Русија, Тилерсон истовремено одговори дека би поддржал задржување на овие санкции додека САД не го доразработат својот пристап кон оваа земја, пренесоа британските медиуми.

Тилерсон изјави дека САД и Русија веројатно никогаш нема да станат пријатели, спротивно на изразената желба на Трамп за зближување со Москва, пренесоа француските медиуми.

Вредносните системи на Вашингтон и Москва „очигледно се разликуваат“, призна тој. сд/ссм/19:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...

Две панди пристигнаа од Кина во берлинската зоолошката градина

Транспортен авион пристигна денеска од Кина за Гер...

Прегласниот говор на австрискиот канцелар им пречел на соседите

На една виенчанка и пречел гласниот говор на австр...