• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Трамп: Нема потреба од реформи на медиумите, потребни се само лица со морален компас

Трамп: Нема потреба од реформи на медиумите, потребни се само лица со морален компас

Вашингтон, 11 јануари 2017 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп на денешната прес-конференција одби да одговори на прашањето на новинарот на Си-Ен-Ен за појавувањето на доверливи документи објавени во медиумите. Трамп повеќе пати документите ги оцени како лажни.

- Не препорачувам реформи на новинарскиот систем, само лица кои имаат морален компас, истакна Трамп на прашањето за реформи на медиумите.

На прашањето дали ако продолжи со постојаните критики можно е да ги ослабне разузнавачките служби, тој наведе:

- Разузнавачките агенции се круцијални, многу, многу важни. Ќе поставиме таму некои фантастични лица, посочи Трамп, потенцирајќи дека за 90 дена ќе има извештај за хакирањето со цел да се запре таквиот нов феномен.

Тој беше запрашан дали може да каже дали во текот на кампањата навистина немал контакт со Русија и која е неговата порака до Путин.

- Немаше потреба. Русија ќе има многу поголемо почитување за нашата земја кога јас ќе ја водам, отколку додека тоа го правеа други. Мораме нешто да смислиме, не е само Русија, 22 милиони налози се хакирани во оваа земја од страна на Кина, а тоа е така бидејќи немаме одбрана, посочи Трамп, додавајќи оти Кина „економски целосно ги искористува САД“.

Како заклучок од прес-конференцијата, Трамп повтори дека управувањето со компанијата го остава на неговите синови и оти се надева дека ќе направа добра работа во следните осум години, а во спротивно ќе мора да им подели отказ.

Инаугурацијата на Трамп ќе биде на 20 јануари. ми/ссм/19:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...