• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Трамп: Мојот бизнис целосно го препуштам на моите синови

Трамп: Мојот бизнис целосно го препуштам на моите синови

Вашингтон, 11 јануари 2017 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД  Доналд Трамп на денешната прес-конференција, прва по неговиот избор, најави дека автомобилските компании ги измениле плановите за префрлувањето на капацитетите во странство, додавајќи оти се надева дека фармацевтската индустрија на „која многу и е дозволено“ и која има голема моќ, ќе биде следна. 

По прашањето за програмата на „Ф-35“ авионите, новоизбраниот претседател на САД најави дека заедно со генералите подготвува големите проекти. 

- Ќе имаме конкуренција, но тоа ќе биде одлична работа - наведе Трамп, нагласувајќи дека тој ќе ја предводи и администрацијата на воените ветерани.

Тој истакна дека немал „никакви договори, никакви долгови, позајмици, ниту отворени проекти“ со Русија.

- Минатиот викенд ми беа понудени два билиони долари за проект во Дубаи со мој пријател. Прекрасен човек. Одбив. Не морав, бидејќи како што знаете немаше конфликтна ситуација оти сум претседател. Би можел да управувам со земјата и со мојата компанија истовремено. Ни би ми се допаднало, но би можел ако сакам - потенцираше Трамп, најавувајќи дека менаџментот на компанијата целосно ќе им го препушти на неговите синови Дон Џуниор и Ерик и оти тој целосно се повлекува. 

Во прилог на тоа покажа документ како доказ дека целосно ја предал контролата на бизнисот на неговите синови, па ја повика и адвокатката, која го потврди она што тој го наведе. 

- Ми нареди мене и на моите колеги да дизајнираме структура врз основа на која, тој ќе биде целосно изолиран од менаџментот на компанијата. Иако не постои конфликт на интереси во неговиот претседателски мандат, тој не сака во мислите на народот на САД да постои ниту тронка сомнеж дека тој не е целосно посветен, наведе адвокатката. 

Таа нагласи дека фондот ќе биде креиран на 20 јануари и дека ќе биде составен од пари и различни инвестиции, како и „постоечки бизнис бенефиции - голф клубови, одморалишта, хотели, недвижнини“, повторувајќи дека менаџментот ќе биде „во рацете“ на синовите на Трамп, Дон и Ерик, како и на трета личност - советник. 

- Доналд Трамп ќе се откаже од секое поврзување со „Трамп Организацијата“, а веќе се откажа од многу аспекти на истата. Нема да има нови соработки со странски земји за време на неговиот претседателски мандат и тој нема да разговара со неговите синови за новите бизниси. Ќе знае за работата онолку колку што ќе дознае од медиумите, истакна адвокатката. 

Воено, таа наведе дека Трамп нема да прифаќа подароци од странски земји, освен од оние кои немаат врска со неговиот мандат. 

- Тој дури и ќе го донира секој профит што ќе го остварат неговите хотели од странските претставници, нагласи таа. 

Во продолжение на конференцијата, Трамп беше прашан за програмата за медицинска заштита „Обамакер“ за која повтори дека е ужасна и дека ќе ја промени.

- Конечно прашање за „Обамакер“. Тоа е проблем на демократите што ние ќе го искорениме и ќе им направиме услуга. Само да одобрат се за да можеме да го спроведеме нашиот план, со кој сето тоа адекватно ќе се промени. Ќе имаме подобра и многу поевтина здравствена нега, најави Трамп. 

Тој повтори дека зголемените даноците за бизниси надвор од границата ќе останат и ќе бидат спроведени, но и дека ѕидот со Мексико дефинитивно ќе биде подигнат. 

- Го почитувам Мексико, претставниците и народот. Не ги обвинувам нив што ги искористија САД, но ѕидот мораме да го подигнеме. Се спроведува план за собирање пари и реализација, но штом ќе го средиме тоа, ќе подигнеме ѕид кон таа земја, потенцираше Трамп. см/ссм/19:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...