• A-
  • A
  • A+

сабота, 29 април 2017, 

ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

Хавана, 11 јануари 2017 (МИА) - Директорот на Канцеларијата на ОБСЕ за Демократски институции и човекови права Михаел Георг Линк денеска ја повтори потребата за продолжување на процедурата за затворање на Гвантамо затворот без дополнително одложување.

Тој посочи дека во американскиот затвор на Куба во моментот има уште 59 затвореници.

- Неодреден притвор без обвинение или судење, недостиг на одговорност за злоупотреба, вклучително и мачење и други малтретирања во Гвантанамо се во директна спротивност со обврските на САД како членка на ОБСЕ. Затворањето без правда и заштита против злоставувањето немаат место во демократско општество заснована врз почитување на правото, човековите права и слобода, посочи Линк.

Американскиот затвор во Гвантанамо отворен е на 11 јануари 2002 година, а досега вкупно имало 780 затвореници, а голем број од нив беа држени без судење или обвинение.

- Се надевам дека новоизбраната администрација ќе ја препознае важноста од строго придржување до човековите права во борба против тероризмот, истакна Линк. ми/ссм/18:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ