• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Шефот на полската дипломатија исмеан на Твитер заради „средба“ со претставник на непостоечка земја

Шефот на полската дипломатија исмеан на Твитер заради „средба“ со претставник на непостоечка земја

Варшава, 11 јануари 2017 (МИА) - Полскиот министер за надворешни работи, Витолд Вашчиковски, денеска беше исмеан од Твитер заедницата, откако изјави дека се сретнал со претставник на непостоечка земја како дел од полската кампања за добивање столче во Советот за безбедност на ОН, пренесоа американските медиуми.

Вашчиковски неделава престојуваше во Њујорк каде лобираше за место на Полска во Советот за безбедност за периодот 2018-2019 година. Тој вчера пред репортерите изјави дека се сретнал со претставници на приближно 20 земји, вклучувајќи ги и карипските држави „првпат во историјата на полската дипломатија, на пример, земји како Белизе или Сан Ескобар“.

Држава Сан Ескобар не постои.

Вашчиковски денеска објасни дека од умор едноставно дозволил јазична грешка, имајќи ја предвид Сент Китс и Невис, островска карипска држава, чие шпанско име е Сан Кристобал и Ниевес.

- За жал, по 22 часа минати по авиони човек може да направи јазична грешка, рече полскиот министер.

Тоа, меѓутоа, не го запре ројот шеги под хаштагот #SanEscobar, вклучувајќи ги и измисленото знаме и редица измислени вести за непостоечката земја, што го запалија интернетот. Во еден твит се вели дека Сан Ескобар „целосно ја поддржува кандидатурата на Полска за Советот за безбедност“. сд/ссм/18:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...