• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Отпечатена разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

Отпечатена разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

Тирана, 11 јануари 2017 (МИА) - Излезе од печат разгледница со народни носии на етничките Македонци во Албанија. На разгледницата се поставени 10 фотографии со Македонци облечени во народни носии, шест од Голо Брдо, две од Гора, и по една од Врник и Преспа.

- Светлото на денот разгледницата го виде благодарение на финансиската поддршка од  Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада. Меѓу тамошните Македонци најдовме искрени соработници и борци за македонското дело. Без нивната финансиска поддршка, разгледницата со народни носии на Македонците во Албанија немаше да биде отпечатена, за што искрено се заблагодаруваме, вели авторот на ова дело, Никола Ѓурѓај.

Тој додава дека оваа финансиската помош им дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја „продолжат праведната борба за македонската национална кауза“.

- Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет, вели Ѓурѓај, кој е познат публицист, новинар и уредник на единствениот печатен медум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“. вт/17:01

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...