• A-
  • A
  • A+
среда, 18 октомври 2017, 

Еиде: Женевските преговори не се очекува да доведат до сеопфатен договор за Кипар

Еиде: Женевските преговори не се очекува да доведат до сеопфатен договор за Кипар

Женева, 11 јануари 2017 (МИА) - Дури и ако преговарачите постигнат пробив во решавањето на кипарското прашање оваа недела во Женева, тие нема да успеат да ги дефинираат сите детали потребни за сеопфатен договор, изјави специјалниот претставник на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде. 

Делегациите, кои ги претставуваат кипарските Грци и кипарските Турци ќе стигнат до најделикатниот дел од преговорите подоцна денеска кога ќе си разменат карти на кои се прикажува како секоја од страните сака да биде одделна територија на идниот федерален Кипар. 

- Тоа е прашање, што има емоционален карактер, изјави Еиде, објаснувајќи дека картите ќе покажат кои територии треба да бидат вратени од кипарските Турци на кипарските Грци - 40 години по разделувањето на островот. 

Утре на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Аканџи ќе им се придружат министрите за надворешни работи на Турција, Грција и Велика Британија со цел да разговараат за надворешните ангажмани за безбедноста на идниот обединет Кипар. 

Еиде изрази надеж дека двете страни во преговорите ќе усепат да ги надминат преостанатите проблеми и да се договорат за безбедноста со гарантите, но истакна дека тоа нема да биде конечниот текст на договорот. 

- Не очекуваме дека ќе се вратиме од Женева со целосен договор во рацете, нагласи Еиде. 

Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави  дека преговорите меѓу двете страни на етнички поделениот остров претставуваат „навистина последна шанса“ за повторно обединување на островот и изрази надеж дека ќе успеат. 

- Ризично е, но кога станува збор за мир треба да се преземат ризици. Кога станува збор за мир, оние кои нема да преземат ризици, преземаат најголем ризик, потенцира Јункер. 

- Мислам дека дојде време за обединување на островот. Лидерите на двете заедници вршат одлична работа и се надевам дека утре ќе успееме да ги завршиме позитивно преговорите во Женева, заклучи претседателот на Европската комисија. см/ссм/18:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Нетфликс ќе инвестира осум милијарди долари во оригинални содржини

Нетфликс соопшти дека ќе инвестира осум милијарди ...

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика...

Како да направите „сирена тост“

Креативните луѓе на друштвените мрежи постојано по...

Лувр отвора свој музеј во Абу Даби (видео)

Музејот Лувр наредниот месец официјално ќе ја отво...

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бе...