• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Во истанбулското метро се трага по осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“

Во истанбулското метро се трага по осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“

Истанбул, 11 јануари 2017 (МИА) - Во станица на метрото во Истанбул дошло до евакуација на патниците заради добиен сигнал од полицијата дека во неа е забележан осомничениот за нападот од новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот „Јени шафак“.

Според весникот, станува збор за станицата на метрото во истанбулскиот кварт Багџалар. Полицијата ја пребарува станицата.

Во новогодишната ноќ, 1 јануари, непознат напаѓач отвори оган во ноќниот клуб „Реина“ во истанблускиот кварт Ортакој,  убивајќи 39 лица, вклучувајќи и 16 странци, а приближно 70 лица беа ранети.

Меѓу жртвите имаше државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Либан, Либија, Израел, како и една руска државјанка.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Весникот „ Дејли сабах“ на 7 јануари јави дека турската полиција го утврдила идентитетот на осомничениот. Според весникот, напаѓачот е Узбекот Абдулгадир Машарипов, познат исто така и како  Абу Мухамед Хорасани. сд/ссм/17:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...