• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Полковник Љубенчо Петровски нов командант на КОД

Полковник Љубенчо Петровски нов командант на КОД

Велес, 11 јануари 2017 (МИА) - Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес, денеска се одржа  пригодна воена свеченост по повод поставување на полковник Љубенчо Петровски на должност командант на Командата за обука и доктрини (КОД), соопшти АРМ.

По предавање на военото знаме пред присутните се обратија началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и ново поставениот командант на КОД.

Генералот Величковски во своето обраќање го истакна значењето на КОД во системот на одбраната, притоа му порача на новиот командант успешно раководење со оваа команда и постигнување на врвни резултати.

Полковникот Петровски пред присутните ги соопшти понатамошните приоритети на КОД на кои ќе им посвети посебно внимание, особено во обучување и извежбување на персоналот на командите и единиците на АРМ со цел понатамошно подобрување на борбената готовност во овој сегмент.

КОД е потчинета команда на ГШ на АРМ чија мисија е организација, координација и реализација на индивидуална обука на војници, питомци, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав, поддршка на колективната обука на командите и единиците на АРМ и развој на доктрините и научените лекции во Армијата. бк/дма/16:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...