• A-
  • A
  • A+

среда, 26 април 2017, 

Изложба на цртежи „Бегство за подобро утре“

Изложба на цртежи „Бегство за подобро утре“

Скопје, 12 јануари 2017 (МИА) - Изложба на цртежи „Бегство за подобро утре“ на Сиријците Шерго Муса и Назли Абду создадени за време на нивниот престој со нивните деца во Прифатниот и транзитен центар Винојуг, ќе биде отворена денеска во Кинотеката на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 25 јануари 2017, а е организирана од  претставништвото на УНХЦР Скопје и Центарот за управување со кризи. Куратор е академската сликарка Маја Стефановска.

Изложбата ќе ја отворат претставникот на УНХЦР Скопје, Мохамад Ариф и директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку во присуство на двајцата уметници од Сирија. дма/мч/07:32

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.