• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 октомври 2017, 

Источна Европа под снег

Источна Европа под снег

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Источна Европа и денеска е зафатена од снег и ниски температури, а властите го евакуираат заглавеното население, додека најзагрозени се бездомниците и мигрантите.

Невремето предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а многумина ги откажаа патувањата.

Поради студениот бран досега во Европа починаа 66 лица, а во некои делови се забележани најниски температури во последните неколку децении.

Во Полска денеска се пријавени уште два смртни случаи.

Во исто време, грчката морнарица испрати брод на островот Лезбос со цел да обезбеди засолниште за околу 500 бегалци и мигранти, кои се сместени во шатори на исклучително ниски температури.

Северните и источните делови на Бугарија се парализирани од снегот, а 117 градови и села се без електрична енергија. Затворен е главниот автопат што ја поврзува Софија со пристаништето Бургас. 

Во расчистувањето на патиштата и спасувањето на заглавените луѓе вклучена е бугарската армија.

Поради снегот блокирани се и патиштата во јужна Албанија, каде од студ починаа пет лица. Воени хеликоптери и службата за вонредни ситуации доставуваат помош до населението во планинските области, а воени и цивилни возила ги расчистуваат патиштата по најниски температури од 1985 година.

Студениот бран во Романија предизвика затворање на повеќе од 130 патишта, а голем број возови или се откажани или доцнат. ми/ссм/15:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од „Игра на престолите“

Популарниот актер Кит Харингтон изјави дека заплак...

Писмо пронајдено на загинат патник од Титаник продадено за 140.000 евра

Писмо пронајдено кај еден од загинатите патници на...

Поранешни претседатели на САД собираа пари за жртвите на ураганите Харви и Ирма

Сите живи поранешни претседатели на САД Џими Карте...

Жителите на Карлсруе во потрага по „чудовиштето“ што им ги напаѓа лебедите

Локалните власти во германскиот град Карлсруе реши...

Трамп следната недела ќе ги објави документите за убиството на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска нај...