• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Огромен пад на бројот на баратели на азил лани во Германија

Огромен пад на бројот на баратели на азил лани во Германија

Берлин, 11 јануари 2017 (МИА) - Германија во 2016 година примила околу 280 илјади нови баратели на азил, што е помалку за една третина од бројот на мигранти што побараа заштите во земјата во 2015 година, кога државата прими 890 илјади бегалци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, за разлика од бројот на нови азиланти кои балгодарение на затворање на балканската рута и договорот ЕУ - Турција е во драматичен пад, расте бројот на депортирани мигранти чии барања за азил се одбиени од германските власти.

Миннистерот Де Мазиер не е задоволен од цифрата од 80 илјади луѓе коишто присилно или доброволно биле вратени во матичните земји откако нивните барања за азил биле одбиени.

Според податоците објавени денеска, лани во Германија биле поднесени над 745 илјади барања за азил, но речиси две третини од нив во земјата влегле во 2015 година. Според државите од каде што доаѓаат азилантите најголем број од тие што ги прими Германија од почетокот на бегалската криза се од Сирија, (околу 290 илјади), Авганистан (127 илјади) и Ирак (околу 98 илјади).

Речиси 60 проценти од сите барања за азил се одговорени позитивно по што барателите добиле целосна или делумна заштита согласно германските закони и меѓународните стандарди. Драстичното намалување на нови бегалци во Германија значително ќе ја олесни позицијата на владата во Берлин која се соочува со внатре-владино барање за горна граница за прием на максимални 200 илјади луѓе годишно и обвинувања од крајната десница дека мигрантите можат да ја сменат демографската состојба во земјата. гм/ссм/15:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...