• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Во Алепо откриен магацин со хемиски супстанци

Во Алепо откриен магацин со хемиски супстанци

Москва, 11 јануари 2017 (МИА) - Сириската Влада откри магацин со хемиски супстанции во стариот кварт на Алепо, јави сириската новинска агенција САНА.

Тој дел од градот беше под контрола на терористите. Меѓу пронајдените супстанции има и сулфур и хлор, што терористите ги користеле за производство на експлозив.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков предупредуваше дека терористите користат хемиско оружје во источниот дел на Алепо, а во неколку напади беа повредени десетици луѓе. ми/ссм/15:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.