• A-
  • A
  • A+
среда, 18 октомври 2017, 

Не се забележува исчекор во преговорите за кипарското прашање

Не се забележува исчекор во преговорите за кипарското прашање

Женева, 10 јануари 2017 (МИА) - Преговарачите не успеваат да се доближат до конечен договор, со кој ќе заврши поделбата на Кипар, соопшти денеска кипарската грчка страна во текот на вториот ден од преговорите во Женева, јави ДПА.

-Ние сме толку одалечени од решението колку и од недостигот на решение. Се разгледуваат тешки прашања, изјави кипарскиот владин портпарол Никос Христодулидис.

Кипарскиот претседател  Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџа, ги разгледале економските расходи за повторното обединување на островот и како ќе се управува идната федерална држава.

Но, кипарските грчки и кипарските турски медиуми јавуваат дека двајцата лидери остануваат поделени по прашањето за претседателското управување со идната држава.

Освен тоа, недоговорено останува и прашањето за присуството на турската војска на островот.

Кипарската грчка страна сака турската војска  да го напушти островот, додека кипарската турска заедница сака Анкара да остане нејзин покровител, со своето воено присуство на Кипар.

-Во моментов не се забележува исчекор за ова прашање, посочи кипарски дипломат за ДПА.

Двете страни водат преговори веќе 19 месеци.

Последниот круг од преговорите почна на 9 јануари во Женева.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Аканџа имаат средби во Палатата на нациите во Женева. Дискусиите под агендата на специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за кипарскиот проблем Еспен Барт Ејде ќе траат до утре, 11 јануари. сд/17:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Нетфликс ќе инвестира осум милијарди долари во оригинални содржини

Нетфликс соопшти дека ќе инвестира осум милијарди ...

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика...

Како да направите „сирена тост“

Креативните луѓе на друштвените мрежи постојано по...

Лувр отвора свој музеј во Абу Даби (видео)

Музејот Лувр наредниот месец официјално ќе ја отво...

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бе...