• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јануари 2017, 

Ејде: Постигнувањето мировен договор е тешко, но не е невозможно

Ејде: Постигнувањето мировен договор е тешко, но не е невозможно

Женева, 9 јануари 2017 (МИА) - Постигнувањето мировен договор за Кипар е тешко, но не и невозможно, изјави денеска специјалниот пратеник на ОН за кипарското прашање, Еспен Барт Ејде.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџа, денеска се сретнаа  во Женева во рамки на клучната етапа од преговорите за обединување на етнички поделениот остров. 

Ејде, поранешен министер за надворешни работи на Норвешка, нагласи дека ОН само ќе помага во преговорите меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, но нема да биде арбитер. 

- Лидерите покажуваат голема храброст, голема желба, наведе Ејде на брифинг со новинарите. 

- Сега сме во финалниот момент. Сега сме во моментот на вистината, заклучи тој. см/ сд/16:17

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.