• A-
  • A
  • A+

понеделник, 25 септември 2017, 

Путин го наредил кибер нападот за да му помогне на Трамп, наведува американското разузнавање

Путин го наредил кибер нападот за да му помогне на Трамп, наведува американското разузнавање

Вашингтон, 7 јануари 2017 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ја наредил „кампањата за давање помош“ во 2016 година, насочена кон претседателските избори во САД. Нејзината цел била да се поткопа демократскиот процес и да се оцрни кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон. Ова се посочува во синоќа објавениот декласифициран извештај на американското разузнавање, цитиран од британските медиуми.

„Нашата оценка е дека рускиот претседател Владимир Путин ја наредил кампањата за помагање во 2016 година, насочена кон претседателските избори во САД“, пишува во документот.

„Освен тоа, според нас, Путин и руската држава развиле јасни симпатии кон избраниот претседател Трамп. Имаме голема увереност во овие свои оценки“, се наведува во извештајот.

„Исто така, заклучиваме дека Путин и руската држава имале стремеж да придонесат за шансите за победа на избраниот претседател Трамп, каде и кога тоа било можно, дискредитирајќи го државниот секретар Клинтон и јавно ставајќи ја во понезавидна позиција од него“, пишува уште во документот.

Американските специјални служби сметаат дека руското воено разузнавање (ГРУ) употребило посредници, како сајтовите Викиликс, „ДиСиликс“ (DCLeaks.com) и „Гуцифер 2.0“ (Guccifer 2.0), за да ги лиферува добиените имејли на Националниот комитет на Демократската партија, како и на високо позиционирани претставници на демократите. Како цели на операцијата биле набележувани луѓе, поврзани и со двете големи политички партии во САД, пишува уште во извештајот.

Според документот, со „голема увереност“ може да се заклучи дека ГРУ ги искористило овие посредници „за јавно да ги лиферува податоците стекнати од кибер операциите за американските жртви, како и преку специјални канали кон медиумите и Викиликс“.

Во документот уште се посочува дека не е утврдено руското влијание врз американските системи за пребројување на гласовите.

Извештајот е изготвен од ЦИА, ФБИ и Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА).

Актуелниот американски претседател Барак Обама во четвртокот бил запознат со констатациите во класифицираната верзија на извештајот, а новоизбраниот, Доналд Трамп, вчера, посочува ДПА. сд/09:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Проститутките во Шпанија протестираат поради евтините секс-кукли

Проститутките во Шпанија протестираат поради нелој...

Во Гватемала се подготвува чоколадо по рецепт стар 3.000 години (видео)

Во градот Антигва во Гватемала се уште се подготву...

„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти

Телефонски именик, за кој се верува дека му припаѓ...

Бугарка се удави при обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање

Теодора Балабанова од Бугарија го загуби животот н...

Почина соул пејачот Чарлс Баркли

Американскиот соул изведувач Чарлз Баркли почина в...