• A-
  • A
  • A+

понеделник, 25 септември 2017, 

Во Италија запленети 510 килограми албанска мархуана

Во Италија запленети 510 килограми албанска мархуана

Тирана, 5 јануари 2017 (МИА) - Финализирана е уште една заедничка акција на албанската и италијанската почиција во која се запленети 510 килограни марихуана и уаспено едно лице, јави дописникот на МИА.

Албанската полиција потврди дека по претходна размена на информации со италијанската полиција од Пуља, спречен е обид за меѓународен шверц со марихуана.

- Поради немирното море,со многу големи бранови, шверцерите се надевале дека вниманието на полицијата ќе биде помало, но се излажаа. Моторниот чамец заедно со 510 килограни марихуана, полицијата ги заплени на брегот на градот Лече, јави тиранската телевизија Топ чанел.

Уапсениот е албанскиот државјанин, а се трага и по две лица за кои се смета дека се водачи на криминална група.

Пред неполни два дена во италијанскиот град Лече во моторен чамец полицијата заплени 760 килограми марихуана транспортирана од Албанија.

Доколку запленетата марихуана стигнела на пазарот нејзината вредност се проценува на 7,5 милиони евра. Шверцерите го напуштиле чамецот и успеале да избегаат пред да пристигне полицијата.

На 1 јануари пак италијанската полиција во северниот цел на Отранто, заплени 400 килограми албанска марихуана. вт/сп/15:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Проститутките во Шпанија протестираат поради евтините секс-кукли

Проститутките во Шпанија протестираат поради нелој...

Во Гватемала се подготвува чоколадо по рецепт стар 3.000 години (видео)

Во градот Антигва во Гватемала се уште се подготву...

„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти

Телефонски именик, за кој се верува дека му припаѓ...

Бугарка се удави при обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање

Теодора Балабанова од Бугарија го загуби животот н...

Почина соул пејачот Чарлс Баркли

Американскиот соул изведувач Чарлз Баркли почина в...