• A-
  • A
  • A+

понеделник, 25 септември 2017, 

Во Италија запленети 350 килограми албанска марихуана

Во Италија запленети 350 килограми албанска марихуана

Тирана, 27 декември 2016 (МИА) - Италијанската полиција во пристанишниот град Бари заплени 350 килограми марихуана, произведена во Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, дрогата,од албанскиот брег до Италија била транспортирана со моторен чамец. Откако била растоварена на брегот на Пуља, била пренесена во комби, кое полицијата го запрела во Бари.

Освен дрогата,чија вредност на пазарот се проценува на околу милион евра, полицијата ги запленила и моторниот чамец и комби возилото.

Во меѓу време, полицијата од северниот албански град Скадар на граничниот премин Муриќан,на албанско-црногорската граница заплени 14,5 килограми марихуана. Дрогата била пронајдена во автомобил марка „Ауди“, управуван од 24-годишен италијански државјанин, кој е приведен.

Гранична полициска патрола во пределот кај Скадар во друга акција запленила 62 килограми марихуана, при обид на албански државјани илегално да ја префрлат на црногорска територија.

Нешто повеќе од 60 клограми марихуана запленила и грчката полиција, која била откриена во возило со кое патувале двајца албански државјани. Крајната дестинација на дрохата бил атинскиот нарко пазар. вт/сп/07:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Проститутките во Шпанија протестираат поради евтините секс-кукли

Проститутките во Шпанија протестираат поради нелој...

Во Гватемала се подготвува чоколадо по рецепт стар 3.000 години (видео)

Во градот Антигва во Гватемала се уште се подготву...

„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти

Телефонски именик, за кој се верува дека му припаѓ...

Бугарка се удави при обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање

Теодора Балабанова од Бугарија го загуби животот н...

Почина соул пејачот Чарлс Баркли

Американскиот соул изведувач Чарлз Баркли почина в...