• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Последниот конвој со цивили и бунтовници го напушти Алепо

Последниот конвој со цивили и бунтовници го напушти Алепо

Дамаск, 22 декември 2016 (МИА) - Последниот конвој од автобуси со кои цивили и бунтовнички борци беа евакуирани од Алепо, денеска го напушти овој град во северна Сирија, по што сириската армија соопшти дека презела целосна контрола над градот.

Сириската државна телевизија јави дека „четирите последни автобуси кои превезуваа терористи и членови на нивните семејства“ пристигнале во Рамуса, град под контрола на бунтовниците јужно од Алепо.  

По напуштањето на последниот конвој на Алепо, сириската армија официјално соопшти дека презела целосна контрола над градот, со што, како што оцени, „обезбедила стратешка трансформација во војната против тероризмнот“.

- Благодарејќи на пролеаната крв на нашите маченици и жртвите на нашите храбри вооружени сили и сојузници... Генералштабот на Вооружените сили (на Сирија) објавува враќање на безбедноста во Алепо по неговото ослободување од тероризмот и терористите, се наведува во армиското соопштение. 

Се напуштањето на последните бунтовнички борци на Алепо, ставен е крај на четиригодишната контрола на бунтовниците врз источниот дел на градот.

Преземањето на целосната контрола над Алепо претставува најзначајна победа на сириските владини сили врз бунтовниците од почеткот на конфликтот во Сирија во 2011 година. сп/21:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...