• A-
  • A
  • A+

недела, 30 април 2017, 

ОН испратија триесетина набљудувачи во Алепо

ОН испратија триесетина набљудувачи во Алепо

Женева, 22 декември 2016 (МИА) - ОН испратија 31 набљудувач во источниот дел на Алепо, кои ќе ја следат последната фаза од евакуирањето на бунтовниците и цивилите од градот, изјави денеска портпарол на светската организација.

Операцијата е спроведена согласно усвоената резолуција во понеделникот од Советот за безбедност на ОН за брзо распоредување на набљудувачи од светската организација во источниот дел на Алепо.

Мерката беше предложена од Франција со цел „да се спречи нова Сребреница“, каде во 1995 година беше извршен најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна.

Евакуирањето на бунтовниците од нивната последна енклава во Алепо, како и на цивили, влезе во последната фаза и се очекува утре да заврши. гт/сп/17:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Денеска се одбележува Светскиот ден на џезот

Ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден н...

Новак и Јелена Ѓоковиќ повторно ќе станат родители

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга ...

ФХ3Х во вториот дел од „Чувари на Галаксијата“

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Истражување: Малите китови си шепотат со своите мајки

Со цел да избегнат потенцијални напади од грабливц...