• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 јануари 2017, 

Баварски министер бара казни за бегалците сексуални предатори и масовни депортации

Баварски министер бара казни за бегалците сексуални предатори и масовни депортации

Берлин, 16 декември 2016 (МИА) - Министерот за внатрешни работи и финансии на германската покраина Баварија Маркус Шодер смета дека земaјта губи контрола на безбедноста на улиците затоа што полицијата е фрустрирана со неказнување на мигрантите кои што вршат сексуални напади.

„Нашите жени и ќерки се повеќе се плашат од сексуални напади. Минатата година ја загубивме контрола на границата а сега почнуваме да ја губиме контролата на улиците и плоштадите. Државата мора да реагира одлучно како во минатото“, изјави Шодер за венсикот „Ди Велт“ пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Во пресрет на годишнината од ланските божиќни напади од страна на мигранти на речиси илјада жени во Келн и други германски градови деновиве германската полиција испрати 1500 полицајци за да спречат повторување на ланските сцени во кои имаше масовно сексуално насилство.

Во последниве два месеци Германија се соочи со два горозоморни настани во кои авганистански тинејџер силуваше и уби 19 годишна студентка на медицина а ирачки бегалец беше уапсен за силување на две жени во Бохум.

За да се заштити јавниот ред Шедер смета дека дури и најмали напади мора да биде гонети и да бидат изречувани казни.

Изјавата на Шодер доаѓа паралално со пораката на неговиот партиски шеф, лидерот на ЦСУ и премиер на Баварија Хорст Зехофер кој вчера изјави дека ако канцеларката Меркел не воведе горна граница од 200 илјади бегалци годишно неговата партија ќе ја напушти федералната влада. Германската влада деновиве започна масовна депортација на Авганистанци кои што биле одбиени за добивање азил. гм/ссм/16:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Бети Вајт 95, роденден го прослави на снимање

Актерката Бети Вајт својот 95. роденден го прослав...

Премиера на Враќањето на Ксандер Кејџ, ФХ3Х дел од ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Автомобил паркиран на тераса

На руските социјални мрежи се појави фотографија к...

Новак Ѓоковиќ купил два апартмана на Менхетн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно се на...

Какво возило има Хомер Симпсон

Симпсонови се едно от најпознатите семејства во СА...