• A-
  • A
  • A+

петок, 18 август 2017, 

„Шпигел“: Висок претставник на талибанците побарал азил во Германија, не му бил одобрен

„Шпигел“: Висок претставник на талибанците побарал азил во Германија, не му бил одобрен

Берлин, 16 декември 2016 (МИА) - Висок претставник на авганистанските талибанци неодамна се обидел да влезе во Германија и да побара азил, но бил одбиен, пишува „Шпигел“. 

Абдул Рауф Мохамад, поранешен министер за здравство во Аваганистан, кој беше на функцијата кон крајот на 90-те години од минатиот век, кога талибанците управуваа со земјата, пред неколку недели пристигнал во Франкфурт преку Саудиска Арабија, пишува списанието. 

Граничната полиција утврдила дека Мохамад поседувал фалсификуван пасош. Тој побарал азил за себе и своето семејство.

Барањето било отфрлено откако било откриено дека тој добил азил во Норвешка, но бил депортиран во 2014 година од причини поврзани со националната безбедност. 

Германските власти одбија јавни коментари за случајот, со образложение дека талибанците го имаат истото право на приватен живот како и секој граѓанин. см/сд/14:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„А а а а многу добра песна“ нов хит на Ајтунс

Делото насловено „А а а а многу добра песна“ стану...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет (фото)

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на сво...

Колку спијат успешните луѓе?

Научниците до сега со многу истражување се обидува...

Најави од Нетфликс: Се снима нов ситком со Мајкл Даглас

Нетфликс најави свој голем проект – ситком серијат...

Римини: Том Круз е дијаболик

Глумицата и поранешен саентолог Леа Римини повторн...