• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

„Илинден“ до албанскиот омбудсман: Гораните се Македонци

„Илинден“ до албанскиот омбудсман: Гораните се Македонци

Тирана, 13 декември 2016 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, реагираше на изјавата на албанскиот народен правобрнител Игли Тотозани во која Македонците од областа Гора ги именуваше како „горанско малцинство“.

- Народниот правобранител споменува некое горанско малцинство, кое живее во областа Гора. Во ова област не постои никакво горанско малцинство, туку тоа се етнички Македонци, нераскинлив дел од македонското ткиво. Не може од топонимот на областа да се извлекува име за жителите. Тие зборуваат македонски јазик и ги негуваат македонските обичаи и традиции, наследени од дедовци и прадедовци, изјави претседателот на друштвото „Илинден“, Никола Ѓурѓај.

Како што јави дописникот на МИА, Ѓурѓај нагласи дека друштвото понарало народниот правобранител повеќе да не ги нарекува Македонците во областа Гора „горанско малцинство“, бидејќи тоа е без основа и без никакви аргументи.

Областа Гора се простира дел во Албанија и опфаќа теритроија со девет села и дел во Косово со 18 села, сите населени со македонско население. вт/сп/07:15

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...