• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Осум лица загинаа при несреќа со минибус во јужна Турција

Осум лица загинаа при несреќа со минибус во јужна Турција

Анкара, 26 август 2016 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа, меѓу кои и деца, при денешната несреќа со минибус во јужна Турција, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен Турк“. 

Минибусот паднал во провалија со длабочина од 30 метри во провинцијата Хатај, околу 11.00 часот по локално време. 

При инцидентот загинале осум лица, а останатите 18, кои се повредени, пренесени се во болница и укажана им е лекарска помош. 

Повеќето патници во минибусот биле сириски државјани. см/ 14:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.