• A-
  • A
  • A+

вторник, 27 јуни 2017, 

Меркел, Оланд и Ренци ќе разговараат за Брегзит

Меркел, Оланд и Ренци ќе разговараат за Брегзит

Париз, 18 август 2016 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци на 22 август ќе разговараат за излегувањето на Велика Британија од Европска унија, соопшти денеска Елисејската палата.

Средбата ќе се одржи на италијанскиот остров Вентотене, а целта е „подготовка за претстојните важни настани во европската заедница“ како што е самитот на ЕУ. што ќе се одржи на 16 септември во Братислава.

Портпаролката на Европска комисија, Наташа Берто изјави дека и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе учествува на средбата меѓу Меркел, Оланд и Ренци. ми/сп/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.