• A-
  • A
  • A+

недела, 30 април 2017, 

Во Италија уапсени 38 криумчари на мигранти

Во Италија уапсени 38 криумчари на мигранти

Рим, 4 јули 2016 (МИА) - Италијанската полиција разби мрежа за криумчарење мигранти, при што се уапсени 38 лица во десетина градови во Италија.

Меѓу приведените 25 се државјани на Еритреја, 12 на Етиопија и еден Италијанец. Се проценува дека преку криумчарската мрежа биле илегално префрлени илјада луѓе во Европа.

Во Рим е откриен центарот за финансиски операции на групата, од каде се конфискувани 526.000 евра и 25.000 долари, како и список со мигранти.

Апсењето уследи по голема истрага на Обвинителството од Палермо по добиени информации од поранешен криумчар на мигранти, кој почнал да соработува со полицијата откако бил уапсен во 2014 година. ми/зш/17:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Денеска се одбележува Светскиот ден на џезот

Ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден н...

Новак и Јелена Ѓоковиќ повторно ќе станат родители

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга ...

ФХ3Х во вториот дел од „Чувари на Галаксијата“

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Истражување: Малите китови си шепотат со своите мајки

Со цел да избегнат потенцијални напади од грабливц...