• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Усвоен Стратегискиот план на НБРМ за периодот 2017 - 2019 година

Усвоен Стратегискиот план на НБРМ за периодот 2017 - 2019 година

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржувањето на финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет, ќе бидат главниот стожер на активностите на Народната банка.

Ова беше истакнато на денешната седница на Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) на која беше усвоен Стратегискиот план на НБРМ за периодот 2017 - 2019 година.

- Стратегискиот план за 2017 - 2019 година претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во областа на утврдувањето и спроведувањето на монетарната политика и поддршката на финансиските пазари, управувањето со девизните резерви, одржувањето на финансиската стабилност, издавањето и управувањето со книжните и кованите пари, платните системи, статистиката и истражувачката дејност. Покрај тоа, Народната банка и натаму ќе го развива корпоративното управување и ќе го продлабочува системот на вредности. Во таа смисла, ќе продолжи процесот на создавање современ и компетентен човечки капитал, воспоставување на најновите технолошки иновации во деловните процеси, ефикасно управување со ризиците и на развивање на соработката со домашните и странските институции, соопшти НБРМ.

Советот, на денешната седница, ја донесе и Програмата за истражувачката активност во периодот 2017-2019 година.

- Истражувачката активност на НБРМ во периодот 2017 - 2019 година ќе биде насочена кон области кои се од значење за остварувањето на нејзините основни и други цели и на зајакнувањето на институционалниот капацитет. Предвидените истражувања треба да дадат поддршка на процесот на одлучување, да придонесат за поуспешно функционирање на Народната банка и за соочувањето со идните предизвици. Воедно, предвидените истражувања и анализи треба да придонесат и кон натамошно осовременување на работењето во Народната банка и подготовка за идното учество во Европскиот систем на централни банки, потенцираат од НБРМ.

Советот на НБРМ, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, ја усвои и Одлуката за издавање и Одлуката за пуштање во оптек на кованата пара за колекционерски цели „Владимирска’’ од серијата „Икони на Пресвета Богородица’’. Оваа кована пара е со апоен од 100 денари во количина од 7.000 парчиња.

Советот на денешната седница разгледа и други прашања од својата надлежност. вј/дма/13:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...