• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 октомври 2017, 

ИД ја презеде одговорноста за експлозијата во Багдад

ИД ја презеде одговорноста за експлозијата во Багдад

Багдад, 11 мај 2016 (МИА) - Исламска држава ја презеде одговорноста за денешната експлозија во Багдад, во која според последните податоци загинаa 50 лица, а над 60 се ранети.

Пикап со експлозиви експлодираше во близина на салон за убавина на фреквентен пазар во шиитскиот кварт Садр, пренесува БТА.

Повеќето од жртвите се жени, а многу од ранетите се во критична состојба, соопштија болнички и полициски извори.

Медиуми, блиски до ИД јавија дека цел на нападот на бомбашот-самоубиец била средбата на борци од шиитските милиции. ац/ссм/13:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.