• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Македонците во Албанија го одбележуваат Денот на македонската револуционерна борба

Македонците во Албанија го одбележуваат Денот на македонската револуционерна борба

Корча, 23 октомври 2015 (МИА) - Македоцните кои живеат во Албанија со повеќе културни и спортски активности го одбележуваат 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

Централен настан сепак ќе биде првиот македонски фолклорен фестивал „Сонце 2015”, кој ќе се одржи вечерва во театарот „Андон З.Чајупи” во Корча во организација на Македонскиот културен центар „Сонце“ од истоимениот град.

На фестивалот ќе настапат четири македонски фоклорни групи од Албанија од областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што и  концентрацијата на Македоцните е најголема, потоа македонската фолклорна група „Разлошки мераци” на друштвото „Пирински Глас” од Разлог, Пиринска Македонија и ансамблот „Македонија” од Република Македонија.

Честитка по повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, до сите Македонци каде и да живеат, упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и неговиот разгранок за Голо Брдо.

- Да е вечен македонскиот револуционерен идеал. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката од македонското друштво „Илинден“. вт/дма/15:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...