• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Кина може да го намали предвидениот економски раст, смета Светска банка

Кина може да го намали предвидениот економски раст, смета Светска банка

Пекинг, 29 октомври 2014 (МИА) - Кина може да го намали предвидениот економски раст на 7 проценти за идната година без тоа да го загрози вработувањето, смета Светска банка, повикувајќи ги кинеските власти да се откажат од цврсто поставените цели. 

Во извештајот на Светска банка за кинеската економија се наведува дека амбициозниот план за економскиот раст идната година, кој би требало да изнесува 7,5 отсто, може да ги загрози планираните владини реформи.

По 30 години интензивен, двоцифрен економски раст, но негативно влијание на животната средина, Кина сака да усвои нов модел на раст, што ќе биде побавен но на поквалитетна основа.

Според Светска банка раст од 7 отсто е доволен да не се загрози пазарот на трудот, што е основна грижа за кинеските власти, со цел да се избегнат социјални немири. аа/зш/11:04

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...