• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 февруари 2017, 

Светската банка и одобри 100 милиони долари на Србија за патишта

Белград, 29 април 2013 (МИА) - Одборот на извршни директори на Светската банка одобри заем на Србија во износ од 100 милиони долари за унапредување на патната инфраструктура и безбедноста на патиштата во Србија.

Подобрата патна мрежа ќе ја унапреди конкурентноста на Србија и ќе обезбеди на населението полесен и побезбедеб пристап на работното место, пазарот и социјалните услуги, се наведува во соопштение на Светската банка.

Со проектот ќе се обезбеди и сигнализација, мерки за забавување на сообраќајот о опрема за патишта на дополнителни 1.000 километри патна мрежа во земјата, со што ќе се зголеми безбедноста на патиштата во Србија. нд/13:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.