• A-
  • A
  • A+

недела, 23 јули 2017, 

Приштина е за продолжување на дијалогот до Белград, но со јасни цели

Приштина е за продолжување на дијалогот до Белград, но со јасни цели

Приштина, 21 април 2017 (МИА) - Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави дека Приштина е посветена на продолжувањето на дијалогот со Белград, но со јасно мерливи цели, наведувајќи го взаемното признавање како две независни и суверени држави.

- Без взаемно признавање дијалогот нема смисла, рече Хоџај.

Приштинскиот весник „Зери“ пренесува и изјави на познавачите на меѓународните односи и европски интеграции во Приштина, кои сметаат дека Косово мора ги промени луѓето, кои го претставуваат во дијалогот и својот пристап во разговорите со Белград. 

„Зери“ додава дека тие сметаат оти „инсистирањето на директно признавање во текот на дијалогот треба да биде безусловно“. 

Аналитичарите, додава „Зери“, сметаат дека Приштина досега не ги искористила сите можности од дијалогот, така што е неопходна „длабока промена на форматот на дијалогот“.

Реструктуирањето на дијалогот го поддржа и косовскиот премиер Иса Мустафа, кој на четиригодишнината од Бриселската спогодба изјави дека не би био разумно дијалогот да продолжи на досегашниот начин. ац/сп/13:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Почина актерот Џон Херд

Американскиот актер Џон Херд, познат по улогата на...

Принцот Џорџ го слави четвртиот роденден

Британскиот принц Џорџ денеска го слави четвртиот ...

Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австрали...

Почина српскиот пејач Предраг Гојковиќ - Цуне

Доајенот на српската староградска и народна музика...