• A-
  • A
  • A+
петок, 24 март 2017, 

Тилерсон: Готово е со политиката на стратешко трпение

Тилерсон: Готово е со политиката на стратешко трпение

Вашингтон, 20 март 2017 (МИА) - Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон за време на неодамнешната посета на Кина испрати јасен сигнал до Северна Кореја дека „е готово со политиката на стратешко трпение“, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Тој посочи дека тоа е реакцијата на Тилерсон на соопштението од Северна Кореја за вчерашното тестирање на најновиот ракетен мотор.

Тилерсон за време на првата посета на Азија, претстојуваше во главниот град на Кина, Пекинг, при што се разговараше и за севернокорејската нуклеарна и ракетна програма. ми/21:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ