• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јануари 2017, 

НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка

НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 12 јануари 2017 (МИА) - Поголема писменост и едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и размена на релевантна експертиза, предвидува Меморандум за соработка што денеска го потшишаа гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ.

Како што соопшти НБРМ, двете институции ќе вршат консултации за стратегиски прашања на национално и меѓународно ниво, ќе подготвуваат наставен и прирачен материјал за основните и средните училишта од областа на финансиската писменост и ќе организираат обуки и други едукативни активности со кои ќе бидат опфатени наставниците и учениците

- Со овој Меморандум се очекува да се зацврсти соработката меѓу двете институции во областа на финансиската едукација со што ќе се придонесе за зголемување на свеста кај учениците и јакнење на нивните финансиски знаења, како и за нивно идно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем, информира НБРМ. мч/паг/10:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.