• A-
  • A
  • A+
понеделник, 16 октомври 2017, 

Венецуела донирала 500.000 долари за инаугурацијата на Трамп

Венецуела донирала 500.000 долари за инаугурацијата на Трамп

Вашингтон, 21 април 2017 (МИА) - Венецуела донирала 500.000 долари за свеченостите поврзани со инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, заедно со уште десетици американски компании, покажуваат податоците од извештајот на Федералната изборна комисија.

Парите биле вложени преку „Ситго Петролеум“, филијала на венецуелската државна нафтена компанија, која има седиште во САД.

Откритието доаѓа во време кога економијата на Венецуела се наоѓа пред целосен колапс, по четири години тешка рецесија и драстичен пад на цената на нафтата и во услови кога Владата на претседателот Николас Мадуро нема пари за набавка на храна на основните продукти и лекови за населението.

Ситуацијата во оваа јужноамериканска земја се усложнува и со длабоката политичка криза, предизвикана од барањата на опозицијата за оставка на Мадуро, кого го обвинува за состојбата во Венецуела.

Опозицијата тврди дека Мадуро дека сака да направи „нова Куба“. развивајќи социјалистичка економија и служејќи се со популистички методи за да ги привлече гласовите на најсиромашните слоеви на венецуелското општество.

Во Каракас веќе неколку недели траат масовни протести на опозицијата, што власта ги разнива со употреба на брутална сила. Само на последните масовни протести, беа убиени најмалку пет лица.

Откритието дека левичарската Венецуела која спроведува „социјалистичка револуција“ вложила пари „кои ги нема“ за инаугурацијата на Трамп, предизвика гневна реакција во јавноста на земјата.

Во изјава за американските медиуми, професорот на Универзитетот во Каракас, Хозе Мануел Пуенте вели дека санува збор за првокласен скандал.

- Навистина е скандалозно, во сеганиве услови на беспарица и немаштија, Венецуела да донира пари за новиот претседател на САД кој идеолошки и на секој друг начин е спротивен на целите на револуцијата на Мадуро, смета професорот Пуенте.

Оваа не е првпат компанијата „Ситго“ да се користи за вакви пропагандистички цели. Претходниот претеседател Уго Чавез ја користеше за „идеолошка кампања“, па преку неа префрлаше пари за субвенции за певтино гориво за најсиромашните во неколку големи градови.

Неговиот наследник Мадуро, кој ја води земјата уште повеќе в лево, сепак не сака да влегува во идеолошка пресметка со САД, туку настојува да и се додвори на новата админстрација во Вашингтон.

Непосредно по инаугурацијата на актуелниот американски претседател, Мадуро изјави дека „Трамп бил изложен на брутална кампања на омраза“ во САД и дека ако ништо друго „нема да биде полош од Барак Обама“,

Американските медиуми забележуваат дека надежите на Мадуро брзо исчезнале затоа што Администрацијата на Трап уште на стартот има остар курс кон него и кон она што се случува во Венецуела, многу поостар од оној на претходната Администрација на Обама. ти/сп/12:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.