• A-
  • A
  • A+

четврток, 25 мај 2017, 

Над 220 луѓе повредени во антивладините протести во Венецуела

Над 220 луѓе повредени во антивладините протести во Венецуела

Каракас, 21 април 2017 (МИА) - Најмалку 223 луѓе беа повредени во вчерашните антивладини протести во Венецуела, соопшти опозицискиот Блок за демократско единство.

Според опозициски претставници, во протестите што се одржаа на 19 и 20 април приведени се 585 лица. Но, опозицијата најави продолжување на протестите.

Политичката криза во Венецуела почна кога Врховниот суд ги прошири ингеренциите на претседателот Николас Мадуро и на Парламентот и му забрани за опозиционерот Енрике Каприлес да ја извршува функцијата гувернер на државата Миранда.

Од почетокот на месецот во Венецуела се одржуваат масовни протести, кои често преминуваат во судири со полицијата и нереди.

Владите на девет јужноамерикански држави (Аргентина, Бразил, Колумбија, Коста Рика, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле) ги осудија судирите меѓу демонстрантите и полицијата и апелираа до венецуелските власти да преземат мерки за прекин на насилството. ми/сп/07:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ