• A-
  • A
  • A+

вторник, 25 април 2017, 

Трамп: Силна Европа е важна за САД

Трамп: Силна Европа е важна за САД

Вашингтон, 21 април 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно ја поздрави одлуката на Велика Британија да излезе од Европска унија, синоќа изјави дека сака ЕУ да остане силна.

- Силна Европа е многу, многу важна за мене како американски претседател, како и за САД. Ние го сакаме тоа и ќе и помогнеме на ЕУ да биде силна, а тоа е корисно за сите, посочи Трамп на прес-конференција во Белата куќа со италијанскиот премиер Паоло Џентолини.

Изјавата на Трамп е контрадикторна бидејќи во јануари тој порача дека и другите земји членки ќе ја напуштат ЕУ по примерот на Велика Британија.

Кон крајот на мај Трамп планира првпат да ја посети Европа, а предвидено е да учествува на самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, а потоа на самитот на Г-7 на Таорима, сицилијански остров на 26 и 27 мај. ми/сп/07:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.