• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Матис ја пофали воената соработка меѓу САД и Египет

Матис ја пофали воената соработка меѓу САД и Египет

Каиро, 20 април 2017 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска во Каиро ја пофали „силата на воената соработка“ меѓу САД и Египет, пренесоа француските медиуми.

Матис, кој се наоѓа во својата прва турнеја по блискоисочните држави сојузници на Вашингтон, денеска беше примен од египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси. Пред две недели Сиси беше во посета на американската престолнина, каде од Доналд Трамп доби пофалби за својата „фантастична“ работа.

Египетскиот претседател денеска го подвлече „стратегискиот“ карактер на билатералните односи со САД и повторно изрази надеж дека тие со Трамп ќе добијат нов поттик, посочи неговата канцеларија преку коминике.

Матис, од своја страна, ја пофали „силата на воената соработка и специјалните односи меѓу министерствата за одбрана на Египет и САД“, се наведува во египетското коминике.

Матис, кој е поранешен командант на американските сили на Блискиот исток, многу добро ги познава Египет и неговото воено раководство. сд/15:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...