• A-
  • A
  • A+

петок, 28 април 2017, 

Русија ќе изгради база во северозападна Сирија за обука на курдските борци

Русија ќе изгради база во северозападна Сирија за обука на курдските борци

Дамаск, 20 март 2017 (МИА) - Русија се договори со курдските Сили за заштита на народот да изгради воена база во северозападна Сирија, каде ќе се обучуваат курдски борци, како дел од борбата против тероризмот. изјави денеска портпарол на Силите, Редур Кселил.

Договорот со Русија бил склучен вчера, а руски војници и оклопни возила веќе пристигнале во Џандарис, округот Африн. Договорот денеска стапува во сила.

Кселил не наведе колку руски војници пристигнале во Џандарис, каде е предвидено да се изгради база.

Џандарис претходно беше мета на прекугранични напади од турската армија. 

Со договорот најверојатно нема да се согласи Турција, за која Сили за заштита на народот се огранок на Курдската работничка партија,

Силита за заштита на народот се сојузник на САД во борбата против Исламска држава во Сирија. ми/ссм/16:48

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ирец шета по светот и заработува од тоа

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и за...

Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан

Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот прија...

Сопружници починале на ист ден, по 77 години брак

Џојс и Френк Дод, кои биле во брак скоро осум десе...

Австралиски Нордстром продава валкани фармерки за 390 евра

Австралиската компанија Нордстром беше прозвана на...

Колекцијата на Иванка Трамп се продава под друго име и со попуст

Откако голем број трговски синџири одлучи да ја ис...