• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Израел се закани дека ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана

Израел се закани дека ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана

Ерусалим, 20 март 2017 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман ја предупреди Сирија дека Израел ќе го уништи нејзиниот систем за противвоздушна одбрана, доколку Дамаск повторно истрела противавионска ракета врз израелски авион.

- Следниот пат кога Сиријците ќе ги употребат своите системи за противвоздушна одбрана врз нашите авиони, ние без размислување ќе ги уништиме сите, изтакна Либерман. 

Оваа закана следи откако Сирија истрела противавионска ракета врз израелски авиони во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Сириската армија соопшти дека авионите гаѓале воена локација во близина на Палмира, додека Израел тврди дека нивна цел биле пратки со оружје наменети за Хезболах. гт/сп/10:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...