• A-
  • A
  • A+

среда, 16 август 2017, 

Внуката на Мандела нема повеќе да гласа за партијата на нејзниниот дедо

Внуката на Мандела нема повеќе да гласа за партијата на нејзниниот дедо

Јоханесбург, 20 март 2017 (МИА) - Најстарата внука на првиот црнечки претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, соопшти дека повеќе нема да гласа за Африканскиот национален конгрес (АНЦ), што во 50-те години на 20-от век ја формираше нејзиниот сега покоен дедо.

Ндилека Мандела изјави дека не верува оти АНЦ и натаму ги почитува и ги применува вредностите на партијата од времето на нејзиното создавање и борбата против апартхејдот.

- Не гласам за партија која повеќе не е она за што се бореа дедо ми, Нелсон Мандела и неговите соборци„ изјави Ндилека Мандела во интервју за јужноафриканското радио „Њуз24“.

Таа му забележува на актуелното партиско раководство што заборавило на луѓето, а посебно на сиромашнте и немоќните во руралните средини.

Внуката на Мандела работи како медицинска сестра, но и раковди со „Фондацијата Мандела“ за борба со сиромаштијата во селата во Јужна Африка.

АНЦ, која е на власт од падот на апартхејдот, пред безмалку четврт век, се наоѓа во длабока криза, разединета и обвинувана во домашната јавност за низа случаи на корупција, меѓу кои, еден и со актуелниот претседател на земјата Џејкоб Зума, за расипништо и за неразумно трошење на буџетските средства.

Нелсон Мандела беше избран за претседател на Јужна Африка во 1994 година и на функцијата остана само еден мандат, по што се повлече од политиката. Тој почина во 2013 година по долго боледување, на 95-годишна возраст. ти/сп/08:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ