• A-
  • A
  • A+
четврток, 23 март 2017, 

Во близна на либискиот брег пресретнати речиси 3.000 мигранти

Во близна на либискиот брег пресретнати речиси 3.000 мигранти

Рим, 20 март 2017 (МИА) - Во 20-тина различни операции во текот на вчерашниот ден во близина на бреговите на Либија, биле пресретнати и спасени речиси 3.000 мигранти, кои со разлини типови пловила биле упатени кон Европа, соопшти италијанската Крајбрежна стража.

Само бродот „Аквариус“, кој е изнајмен од организациите „СОС Средозмено Море“ и „Лекари без граници“, спасил 946 лица, меѓу кои имало и околу 200 деца без придружба. 

Според податоците на италијанските власти, во периодот од 14 јануари, па до 17 март годинава, во водите на Средозменото Море меѓу бреговите на Либија и Италија биле пресертнати 16.206 мигранти.

Во истиот период лани, бројот на откриени илегални мигранти на пат кон Европа во истиот регион изнесувал 11.911. сп/07:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.