• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

Американски тенкови пристигнуваат во Полска

Американски тенкови пристигнуваат во Полска

Варшава, 12 јануари 2017 (МИА) – Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници почнаа од утрово да пристигнуваат во Полска, јави Би-Би-Си.

Тие се дел од одговор на американскиот претседател Барак Обама на загриженоста на НАТО сојузниците поради Русија.

Тоа е најголемо американско ангажирање во Европа во изминатите неколку децении. Повеќе од 80 тенкови и стотина оклопни возила пристигнаа во Германија и сега се префрлуваат кон Источна Европа по патишта и железница, наведува Би-Би-Си. зш/09:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ