• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со протест во Кавадарци

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со протест во Кавадарци

Кавадарци, 2 мај 2017 (МИА) - Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжи со протестите во Кавадарци, против тиранската платформа и за зачувување на унитарноста на државата. Пред приврзаниците на оваа иницијатива кои скандираа „избори" на кавадаречкиот градски плоштад, вечерва се обрати Светлана Јосифова, историчар. Таа потсети на настаните од 27 април, кога, како што рече, „со прекршување на законите се случи предавство". 

-Зарем во очи на годишнината од Вејце да се пее албанска химна и да се случува предавство? Народот беше испровоциран со тоа, но и со вперениот пиштол, нагласи таа.

Јавно ги праша европските претставници дали се ова нивното право и демократија.

-Ако за вас Македонија е играчка, за нас е светост, нагласи.

Рече дека се направија многу работи за да се разнебити македонскиот народ. Апсурд е, додаде, признавањето на Талат Џафери.

-Само македонскиот народ има право да одлучува за сопствената земја, нагласи Јосифова.

Поп пејачката Александра Михова ги рецитираше стиховите од песната „Тиквешкото" од Блаже Конески, во придружба на звуци од истоименото оро.

Со национални знамиња и револуционерни патриотски песни, притестантите повторно го минаа патот од пред новоизградената црква „Света Петка" во новиот центар на градот, преку улицата „Илинденска" во централното градско подрачје, до пред општинската зграда.

Протестите, како што најавија, продолжуваат до исполнувањето на барањата. сд/вј/19:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.