• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 октомври 2017, 

Гевгелија со поддршка „За заедничка Македонија“

Гевгелија со поддршка „За заедничка Македонија“

Гевгелија, 20 март 2017 (МИА) - Гевгеличани и вечерва со протестен марш по главните градски улици ја подржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, потврдувајќи на тој начин дека сакаат мултиетничка, заедничка држава со сите свои обележја, а не нејзино редефинирање по некаква тиранска платформа скроена во друга држава.

Учесниците на протетот во Гевгелија категорично рекоа не за двојазичноста и жолчно реагираа на незаконски поставените двојазични патокази за кои побараа веднаш да се отстранат и да се поведе кривична одговорност против директорот на ЈП „Македонија пат„ Дајур Кадриу и негово санкционирање.

Поради ова, гевгеличани го повикаа и јавниот обвинител да утврди обвинителен акт за злоупотреба на службената должност и самовластие од страна на директорт Кадриу и бараат патоказите безусловно да бидат отстранети. им/вј/20:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.